Бруталната одмазда на Елон Маск започна!

365
EPA-EFE/WILL OLIVER

Илон Маск, до неодамна најблискиот советник и сојузник на Доналд Трамп, претседателот на САД, за чија изборна кампања донираше повеќе од 200 милиони долари, се чини дека започна најбрутална одмазда против својот поранешен сојузник.

Имено, во Америка моментално се крева скандал околу објавувањето на досиејата за Џефри Епстајн, осуден педофил кој сексуално злоставувал малолетни девојчиња, а со оглед на тоа што жртвите се деца, важно е дури и за базата на Трамп да бидат откриени сите факти што стојат зад тоа. Голем дел од американската јавност верува дека досиејата за пријателите на Епстајн кои учествувале во злоупотребата на девојчиња се кријат бидејќи меѓу нив има моќни претставници на американската политичка и економска елита.

Трамп дојде на власт во голема мера благодарение на поддршката од оној дел од американската јавност кој веруваше дека демократите се вмешани во аферата и очекуваше Трамп да ги објави тие досиеја кога ќе стане претседател. Тие беа шокирани кога пред неколку дена Пам Бонди, главниот обвинител на Трамп, објави дека досиејата практично не постојат и дека ништо во што претходно се верувало не е вистина.

Маск, пак, се судри со Трамп околу неговата даночна политика, која требаше да ги намали американските јавни трошоци, а всушност ги зголеми многукратно. Кога Маск се спротивстави на законот, Трамп го исфрли од Белата куќа на почетокот на минатиот месец и се закани дека ќе го загрози бизнисот на Тесла ако не престане со критиките.

Потоа Маск го објави сега веќе познатиот твит, што предизвика лавина што сега би можела да го собори Трамп.

„Време е за вистинска бомба: Трамп е во досиејата на Епстајн. Тоа е вистинската причина зошто досиејата не се објавуваат. Доналд, имај убав ден“, напиша Маск одмазнички. Кратко потоа, Трамп беше принуден да му наложи на Бонди да објави дека ФБИ и американските обвинители го проучиле целиот случај и заклучиле дека досиејата на Епстајн не постојат, што потоа предизвика цела лавина.

Патем, ова не е прв пат Маск да се одмазди на некој за кого верува дека го предал неговото пријателство. Маск, всушност, беше демократ кој жестоко го критикуваше Трамп. На последните избори, тој го поддржа Бајден, но откако Бајден стана претседател, одлучи да организира состанок за иднината на електричните автомобили на кој ги покани сите производители – освен Маск и Тесла.

Маск го прими ова многу лошо и се заколна дека ќе му се одмазди на Бајден, што и го направи. Наследничката на Бајден, Камала Харис, ги загуби изборите, а Трамп дојде на власт. Дали слична судбина ќе го снајде и Трамп, останува да се види. Патем, Бајден не го покани Маск бидејќи Маск е жесток противник на синдикализацијата, а синдикатите во автомобилската индустрија се главната изборна база на Бајден.

ИЗДВОЕНИ