Брутална егзекуција во Мексико! Шест отсечени глави пронајдени на пат – покрај нив застрашувака порака

79

Шест отсечени глави беа пронајдени на пат во централно Мексико, област која обично не се поврзува со насилство меѓу картелите. Локалните власти ги открија рано наутро во вторник на пат што ги поврзува релативно мирните држави Пуебла и Тласкала.

Полицијата не даде објаснување за убиствата, ниту посочи која криминална група што работи во Мексико би можела да биде одговорна, пишува Би-би-си.

Сепак, според локалните медиуми, до телата е пронајдено ќебе со предупредувачка порака до соперничките банди, очигледно потпишана од група наречена „Ла Баредора“, односно „чистачот“.

Иако истата група дејствува во западната држава Гереро, сè уште не е потврдено дека тие се одговорни за нападот. Обвинителството на Тласкала објави дека е започната истрага.

Федералните власти сè уште не го коментирале случајот.

Регионот каде што се пронајдени телата се смета за помирен во споредба со деловите од Мексико погодени од интензивно насилство на бандите, како што се Синалоа и Гуанахуато.

Покрај трговијата со дрога, областа има проблем и со шверцот со гориво, познат како „хуачиколео“, кој им носи повеќемилионски приход на нелегалните групи.

Во јуни, во Синалоа беа пронајдени тела на 20 лица, вклучувајќи четири обезглавени жртви, додека во мај, седум млади лица беа убиени за време на пукотница на црковен настан во Гуанахуато.

Насилството меѓу картелите во Мексико ескалираше во последните години, со стотици илјади убиени и десетици илјади исчезнати од 2006 година, кога владата за прв пат ја распореди војската за борба против нарко-бандите.

ИЗДВОЕНИ