Британските боксери Фабио Вордли и Џозеф Паркер приредија феноменална борба во О2 Арената во Лондон. На крајот, можеби предвреме, судијата го прекина мечот во 11. рунда, а Британецот беше прогласен за победник со технички нокаут.
Ударите паѓаа од самиот почеток. Вордли беше многу блиску до завршување на борбата веќе во втората рунда кога силно го затресе Паркер, но тој остана на нозе и потоа целосно ја контролираше борбата. Новозеланѓанецот одлично се снајде во следните рунди. Ја конролираше борбата, дури имаше и разнишан противник, но финишот на Вордли одлично се покажа во финишот на мечот. Паркер едвај ја преживеа десеттата рунда. Прими огромен број удари, а судијата потоа одлучи дека му е доста во 11. рунда.
Иако Паркер не беше целосно нокаутиран, судијата сметаше дека тој прима премногу удари и одлучи да го прекине натпреварот, а Фабио Вордли победи со технички нокаут.
Британскиот боксер така го освои привремениот шампионски појас во тешка категорија на Светската боксерска организација и е задолжителен предизвикувач на Украинецот Александр Усик за шампионските титули. Украинецот објави дека следниот меч ќе биде против победникот од овој дуел.
Вордли, веднаш по борбата, изјави дека го сака Усик: „Имам само едно да кажам – Усик! Усик!“, е јасната порака на британскиот боксер.
Вордли го изненади Паркер, кој беше фаворит во овој меч и останува фановите на боксот да видат како ќе се снајде против големиот шампион. Тој верува дека е на врвот на тешката категорија.
„По сè што поминав и по оваа победа над Паркер, убеден сум дека сум најдобар. Го докажав тоа. Им кажав на сите дека нема да загубам вечерва и дека појасот ќе биде мој. Исполнив сè што реков“, беа зборовите на Британецот.
Фабио Вордли моментално е непоразен во својата професионална кариера. Од 21 борба, тој има 20 победи и едно реми. 19 борби ги заврши со нокаут. Од друга страна, Паркер го претрпе четвртиот пораз во кариерата (36-4). Многумина го гледаа како човек кој може да му се закани на Усик, но борбата беше прекината пред големата пресметка.












