Брутален напад врз тинејџерка во Србија: Ја влечел за коса и со возило ја удрил и кренал на хауба

399

Седумнаесетгодишна тинејџерка во Србија е повредена откако нејзин познаник (18) прво ја удрил, а потоа намерно ја прегазил со автомобил.

Според информациите, нападот врз девојката се случил завчера, откако се сретнале на тролејбусот број 29 во Белград, бидејќи наводно ѝ должел пари.

Девојката сама го пресретнала осомничениот. Како што се сомнева, тој прво ја удрил, ја влечел за коса и ја натерал да влезе во автомобилот.

– Таа не сакала, одбила, а потоа тој влегол во неговиот автомобилот и ја удрил и кренал на хаубата и побегнал. Таа се здобила со полесни повреди – вели изворот за српски Блиц.

Против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава во редовна постапка за кривично дело нанесување лесна телесна повреда.

Случајот е пријавен во полиција, а за сè е информирано Првото основно јавно обвинителство во Белград, кое спроведува истрага и ги утврдува сите околности на овој инцидент.

ИЗДВОЕНИ