Американската рокенрол легенда Брус Спрингстин ја објави песната „Streets Of Minneapolis“, посветена на граѓаните на Минеаполис, кои беа подложени на денови на терор од страна на членовите на Службата за имиграција и царина (ICE).
Минеаполис се најде под „окупациската чизма на приватната армија на кралот Трамп“, тврди Спрингстин во песната, наведувајќи дека се работи за одговор на убиствата на граѓаните на Минеаполис, Рене Гуд и Алекс Прити, за кои се одговорни членовите на ICE.
– Песната е посветена на граѓаните на Минеаполис и нашите невини соседи имигранти и е спомен на Прити и Рене Гуд, рече Спрингстин.
За време на неговата европска концертна турнеја минатата година, тој на секој настап на стадионот велеше дека Соединетите Американски Држави се „во рацете на корумпирана, некомпетентна и предавничка влада“.
Трамп одговори дека Спрингстин е „преценет“, наведе АП.












