
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, планира на крајот од актуелната сезона да донесе конечна одлука кога е во прашање неговата клупска кариера. Искусниот играч за врска веќе има добиено неколку примамливи понуди од Саудиска Арабија кои сериозно ќе бидат разгледани доколку „црвените ѓаволи“ повторно не обезбедат директен пласман во Лигата на шампиони.











