
Еден дел од германските медиуми ја пласираа и информацијата дека најтрофејниот клуб во германската Бундеслига, Баерн (М), ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на португалскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш. Челниците на баварскиот гигант се убедени дека англискиот интернационалец Хари Кејн ќе биде уште поефикасен доколку Бруно игра зад него.











