
Најтрофејниот германски клуб, Баерн (М), ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на португалскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш. Капитенот на „црвените ѓаволи“ сигурно ќе ја промени средината на крајот од актуелната сезона доколку неговиот клуб повторно не обезбеди пласман во Лигата на шампиони.











