Најдобрите македонски таеквондисти, Мила Рељиќ во женска конкуренција и Дејан Георгиевски кај мажите, освоија бронзен медал на Австрија опен Г1- турнирот, кој се одржа викендов, во Инсбрук.

Рељиќ одлично почна на турнирот и запиша три победи во низа, во категоријата до 62 килограми. Прво ја победи Менди од Сенегал со 2:0, потоа беше подобра и од Леонова од Украина со 2:0, а со 2:1 ја победи и Кичема од Хрватска. Сепак, на патот кон финалето, беше сопрена од Јулија Шпак, од која загуби со 2:0. Па така, се закити со бронзениот медал.

Дејан Георгиевски, пак, во категоријата до 87 килограми, дојде до бронзата со победите над Трајковиќ и Дивковиќ од Словенија во првите две борби, а во полуфиналето беше поразен од Аболфазл Абасипоуја.

ИЗДВОЕНИ