Италија сè уште закрепнува по големиот скандал во ритмичката гимнастика, кој ја потресе, а денеска се појавија нови детали за злоупотребата. Имено, гимнастичарките од италијанската репрезентација доживувале малтретирање од селекторката Емануела Макарани. Сега се јави една од репрезентативките, Софија Рафаели, која освои бронзен медал на Олимпијадата во Париз, во 2024 година.
Исто така, таа освои неверојатен број светски и европски првенства, но сега, за жал, се најде во центарот на скандалот.
Италијанската гимнастичка федерација, пред неколку дена, соопшти дека е разрешена Емануела Макарани од функцијата тренер по ритмичка гимнастика, по 29 години на таа функција.
Пред три години, таа беше обвинета од неколку гимнастичарки за наводно малтретирање и за психолошки притисок. Сепак, се чини дека таа не е единствената од техничкиот персонал што ги злоупотребувала гимнастичарките.
Истрагата утврди дека Јулија Канталупи, која е поранешен тренер на гимнастичкото друштво Фабијано, спроведувала неприфатливи практики врз Софија Рафаели и Милена Балдасари.
- Со неа беше полошо. Имаше малтретирање што предизвикуваше морници. Ги принуди Рафаели и Сереина Отавијани да фрлаат обрачи, а кога не успеваа, мораа да соблечат дел од облеката. На крајот остануваа само во долна облека. Беа затворени во мала, ладна соба, без телефон, без ништо, ги казнуваа, седеа на подот – се вели во изјавата.
Рафаели наводно била жртва на сексуална злоупотреба и била принудена да клекне пред жената од која била тренирана и да моли за прошка.
Против оваа жена тренер официјално не е поднесено обвинение.