Бројот на жртви во несреќата на жичницата во Лисабон се искачи на најмалку 15

58

Познатата жичница „Глорија“ во Лисабон, популарна кај туристите, денес излета од шините. Најмалку 15 лица загинаа, а најмалку 18 други се повредени. Петмина од повредените се во сериозна состојба, додека 13 лица се здобиле со полесни повреди.

Несреќата се случила околу 18:05 часот во близина на Авенида да Либердаде. Се верува дека 43 лица се наоѓале во жичницата во времето на несреќата. Сè уште не е познато дали загинатите биле португалски државјани или туристи.

Покрената е истрага за причината за несреќата.

Причините за несреќата засега се непознати, но фотографиите од местото на настанот покажуваат целосно уништена жичарница. Според весникот „Публико“, ова не е прв пат „Глорија“ да излета од шините, иако денешната несреќа е најсериозната досега.

Последното излетување од шините се случи во мај 2018 година поради сериозен дефект, но немаше превртени вагони и жртви. По таа несреќа, „Глорија“ не возела еден месец.

ИЗДВОЕНИ