
Бројот на жртви од пожарот што зафати седум облакодери во Хонг Конг кон крајот на минатиот месец се искачи на 161, соопшти локалната полиција, додавајќи дека бројот на жртви може да се зголеми уште повеќе.
„Понатамошните форензички тестови пронајдоа ДНК од друго лице. Со ова бројот на жртви се искачи на 161“, рече полицискиот комесар на Хонг Конг.
Тој рече дека сè уште се вршат ДНК тестови и дека не ја исклучува можноста дека може да се најдат и други починати лица и дека бројот на жртви може да се зголеми, објави „Саут Чајна морниг пост“ (South China Morning Post).
Најлошиот пожар во Хонг Конг во последните 17 години ги зафати високите згради на станбениот комплекс Ванг Фук Корт на 26 ноември.
Пожарот започнал и се проширил од бамбусови скелиња поставени околу зградите како дел од планот за реновирање на Ванг Фук Корт, објави „Танјуг“.











