Бројот на жртви во масакрот во Грац се искачи на 11

735
EPA-EFE/ERWIN SCHERIAU

Универзитетската болница во Грац соопшти дека починало уште едно лице кое беше рането во пукотницата што утрово се случи во гимназијата во тој австриски град. Според нив, се работи за возрасно лице. Со ова бројот на жртви се зголеми на 11, вклучувајќи го и напаѓачот.

Меѓу убиените има шест жени и тројца мажи, а нивната возраст не е прецизирана.

Повредени се 11 лица, од кои седум се во критична состојба.

Осомничениот сторител дејствувал самостојно и се самоубил во тоалетот, се вели во изјавите на полицијата, која засега одбива да шпекулира за мотивот за нападот.

Напаѓачот од Грац оставил проштално писмо?

ИЗДВОЕНИ