Бројот на жртви од поплавите и лизгањата на земјиштето во Мексико се искачи на 72, а 48 лица сè уште се водат како исчезнати, изјави денес мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум.
Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгања на земјиштето во пет мексикански држави во текот на изминатата недела.
Обилните дождови изолираа 160 градови во централно и источно Мексико, прекинувајќи ги патиштата и автопатите, објави Ројтерс.