понеделник, јануари 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Бројот на умрени од насилна смрт лани зголемен за 24 проценти, најмногу...

Бројот на умрени од насилна смрт лани зголемен за 24 проценти, најмногу во несреќни случаи

34

Бројот на умрени лица од насилна смрт минатата година е зголемен за 24 проценти во однос на 2023-та. Од вкупно 511 умрени лица, над 68 проценти се мажи, а најчеста причина, во 78,5 проценти од случаите се несреќни случаи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во 2024 година поголемо учество имаат машките лица, и тоа 68.1 %, а 31.9 % жени.

Најголемо учество во вкупниот број на случаи на насилна смрт имаат несреќните случаи, кои учествуваат со 78.5 %, самоубиствата со 17.4 % и убиствата со 4.1 %.

Во категоријата несреќни случаи, најголемо учество имаат умрените лица од други надворешни причини за случајна повреда со учество од 38.0 % во вкупниот број на случаи од насилна смрт.

Во категоријата самоубиства, најголемо учество имаат случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација со учество од 8.8 % во вкупниот број случаи од насилна смрт.

Во категоријата убиства, случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје имаат најголемо учество со 1.6 % во вкупниот број случаи од насилна смрт.

Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.5 проценти.

ИЗДВОЕНИ