сабота, јануари 31, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Бројот на работници во индустријата намален за 3,8 отсто

Бројот на работници во индустријата намален за 3,8 отсто

33

Бројот на работници во индустријата во јули годинава бил намален за 3,8 % во однос на јули 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работници во секторот рударство и вадење на камен во јули 2025 година, во однос на јули 2024, се намалил за 2,4 %, во секторот преработувачка индустрија за 4 %, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – за 0,5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се намалил во групите енергија за 1,9 %, капитални производи за  8,8 % и нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,8 %, а се зголемил во групите трајни производи за широка потрошувачка за 9,6 % и интермедијарни производи, освен енергија, за 0,3 %.

Бројот на работници во индустријата во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, се намалил за 4 %.

ИЗДВОЕНИ