сабота, февруари 7, 2026
Дома СКОПСКА Бројот на паркинг места не бил соодветeн со одобрението за градба

Бројот на паркинг места не бил соодветeн со одобрението за градба

134

Градоначалникот на општина Карпош заедно со дел од општинските службеници во вторникот посетиле две згради на улица „Никола Парапунов“ и констатирале дека и во двата објекта бројот на паркинг места не се изведени во согласност со одобрението за градба од надлежните служби во општината, иако за тоа постои физичка можност, односно висината на гаражниот простор овозможува паркирање на две нивоа.

-Сопствениците, односно инвеститорите и надзорот ќе бидат повикани во текот на оваа седмица. Во зависност од тоа дали инвеститорите и надзорот ќе го коригираат овој недостаток ќе зависат и мерките кои што ќе ги преземе Општина Карпош против нив – соопштија од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ