среда, февруари 11, 2026
Дома СВЕТ Бројот на настрадани во Магдебур се искачи на пет, над 200 лица...

Бројот на настрадани во Магдебур се искачи на пет, над 200 лица се повредени

201

Бројот на загинати во нападот на божиќниот саем во германскиот град Магдебург се искачи на пет, а повеќе од 200 лица се повредени, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

За време на обиколката на местото на несреќата во Магдебург, тој ја изразил својата загриженост за 40 лица кои се здобиле со тешки повреди, пренесува германскиот весник Билд.

Солц рече дека сторителот, кој беше уапсен по нападот синоќа, ќе биде „детално истражен“.

ИЗДВОЕНИ