Поранешниот американски кошаркар Дерик Роуз (36) ќе добие едно од највисоките признанија за играч во НБА во јануари следната година. На 24 јануари 2026 година, по натпреварот со Бостон селтикс, Чикаго булс ќе го крене дресот на Роуз со бројот 1 под сводовите на нивниот „Јунајтед центар“ и со тоа ќе му оддаде почит на еден од нивните најдобри играчи во историјата.

Булс го избра Дерик Роуз во првиот избор на драфтот во 2008 година, а тој веднаш беше прогласен за „дебитант“ на сезоната во која имаше просек од 16,8 поени со 6,3 асистенции и 3,9 скока.

 

И во сезоната 2010/2011, на 23-годишна возраст, тој стана најмладиот играч што ја освои наградата за најкорисен играч (МВП) со просек од 25 поени, 7,7 асистенции, 4,1 скока, водејќи ги Булс до скор од 62 победи и 20 порази и финалето на Источната конференција, најдалеку што стигнаа откако Мајкл Џордан си замина во 1998 година. Така тој стана само вториот играч во историјата на Булс што го стори тоа, се разбира, покрај Џордан.

ИЗДВОЕНИ