Бродовите што носат хуманитарна помош за Газа во вторникот вечерта беа нападнати од беспилотни летала. Глобалната флотила од 51 брод, чиј член е и активистката Грета Тумберг, беше нападната во меѓународните води покрај грчкиот остров Крит.
– Израелските окупациски сили почнаа најмалку 11 напади врз Глобалната морска флотила, која се наоѓа на 600 наутички милји од Газа, користејќи шок-бомби, експлозиви и, очигледно, хемиски агенси – објави флотилата на својот официјален инстаграм-профил.
Во објавата се тврди и дека Израел им се заканува и ги тероризира сите хуманитарни работници што транспортираат помош во меѓународните води.
Ова не е прв напад врз флотилата со активистката Грета Тумберг, која патува за Газа. Минатата недела имаше информација за пожар, по наводен напад со беспилотно летало врз еден од бродовите, што Турција, во чии води се случил инцидентот, го негираше. Во јуни, кога беше првиот обид на активистите да влезат во Газа со хуманитарна помош, израелските сили се качија на еден од бродовите и приведоа 12-мина активисти, меѓу кои и Тунберг.