По повод верскиот празник Св.Наум Охридски – Чудотворец, в среда бродовите Александрија 1 и 2 ќе пловат од градското пристаниште во Охрид до манастирот „Св.Наум“ по симболична цена од 300 денари за повратен билет. Бродовите за Св. Наум ќе тргнуваат од 19 часот од градското пристаниште. Картите од денеска се во продажба на градското пристаниште.
Од денеска во Охрид се забранува изведување градежни работи во централното градско подрачје во текот на главната летна туристичка сезона. Забраната се однесува на целиот простор јужно од булеварот „Туристичка“ на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, потоа на просторот 50 метри над булеварот „Туристичка“, како и на туристичките локалитети, почнувајќи од Студенчишкиот канал сѐ до Свети Наум. Забраната ќе биде на сила до 31 август.