Едно дете беше меѓу четирите лица кои се удавија кога брод се преврте во бура во делтата на Дунав во Романија, објавија денес поморските власти, пренсе „Бета“.
Бродот превезувал 14 лица кога инцидентот се случил во понеделник на огранокот Сулина на Дунав, во округот Тулча, во близина на Црното Море.
Романската поморска администрација соопшти дека се случил во лоши временски услови, со силни ветрови и бранови високи до 2 метри.
Десет преживеани се однесени во болница, а имињата и националностите на повредените не се објавени.