Таа додаде дека не се занимава со избори, бидејќи се знае која е надлежната институција за нивно свикување, а тоа е претседателот на државата.
Брнабиќ изјави дека очекува на почетокот на јуни да се одржи седница на која ќе се дискутираат три закони за медиуми, како и предлогот на Законот за фонд за алиментација.
-Очекувам дека во јули, на седницата, ќе дебатираме за предлогот на Законот за Единствен избирачки список, рече таа и додаде дека процесот за избор на членови на Советот на РЕМ е целосно транспарентен и инклузивен, „за избор на девет членови за Советот на РЕМ, добивме 45 кандидати од 177 организации“.