Брижит Макрон ја тужат 343 жени, зашто феминистките ги нарече глупави кучки

70

 

Првата дама на Франција, Брижит Макрон, ја тужат 343 жени, откако беше објавено видео на кое ги нарекува феминистичките демонстрантки „глупави кучки“. Неколку организации поднесоа тужба за јавна навреда, а бројката на потписничките има историска симболика во францускиот феминизам и произлегува од петиција од 1971 година за легализација на абортусот, во која 343 жени јавно признаа дека прекинале бременост, пишува „Гардијан“.

Контроверзната снимка е направена минатата недела, зад сцената во театарот „Фоли Берже“ во Париз. На неа е прикажана Брижит Макрон во разговор со францускиот актер и комичар, Ари Абитан, кој претходно беше обвинет за силување. Во дел од разговорот, феминистките кои претходната вечер го прекинале неговиот настап извикувајќи „Абитан, силувачу!“, Макрон ги нарекува „глупави кучки“

– Таа е прва дама на Франција, нејзините зборови се важни, рече Жулиет Шапел, адвокатка на феминистичките здруженија што го поведоа случајот, додавајќи: „Се чини дека е многу ангажирана за женските прашања, но можеме да кажеме дека постои несовпаѓање помеѓу нејзините јавни говори и она што навистина го мисли“.

Во меѓувреме, Брижит Макрон се извини, а своите забелешки ги нарече „приватни“ коментари.

 

ИЗДВОЕНИ