Познатата француска актерка почина вчера на 91-годишна возраст, оставајќи зад себе бројни легендарни улоги и богата животна приказна.
Покрај актерските достигнувања и неверојатната убавина, Брижит Бардо беше позната и по својот активизам, но и по своите мислења кои често ја ставаа во центарот на вниманието. Една од нив беа нејзините изјави за нејзиниот син и бременоста, која ја нарече „тумор што ја јадеше одвнатре“.
Таа, исто така, ја изрази својата брутална искреност кога стануваше збор за движењето MeToo, кое ги собра актерките кои биле жртви на сексуално вознемирување. Како и нејзината колешка Катрин Денев, Брижит ги оцени критиките кон жените кои се пожалиле на вознемирување во филмската индустрија како претежно лицемерни и смешни.
„Многу актерки флертуваат со продуцентите за да добијат улога. Кога подоцна зборуваат за тоа, велат дека биле сексуално вознемирувани. Тоа ги повредува повеќе отколку што им помага“, рече актерката во интервју за Paris Match.
Таа додаде дека никогаш не била жртва на сексуално вознемирување, но дека уживала во машкото внимание.
„Мислев дека е убаво кога некој ќе ми каже дека сум убава или дека имам убав задник. Такви комплименти беа добредојдени“, рече Бардо.












