Извори од Бакингемската палата откриваат: Британскиот принц Вилијам ја презема контролата за кризата со принцот Ендру

380
epa12105435 Britain’s William, Prince of Wales, arrives for the Order of the Bath Service 2025 at Westminster Abbey in London, Britain, 16 May 2025. The Most Honourable Order of the Bath was established as a military order by George I on 18th May 1725. Recipients of the Order are usually senior military officers or senior civil servants. EPA/NEIL HALL

Извори од Бакингемската палата окриваат дека принцот Вилијам ја преземал водечката улога во управувањето со договорт на палатата на контроверзите кои го опркужуваат принцот Ендру. Оваа интервенција следеше по критиките упатени до палатата поради перципираната бавност и несоодветниот пристап во решавањето на обвинувањата за сексуална злоупотреба кои се врзуваат за принцот Ендру.

Според упатен извор, принцот Вилијам е активно активиран во координацијата на одговорите од палатата“, во момент кога се разгледува иднината на монархијата под сенка на контроверзите предизвикани со постапките на принцот Ендру.

Принцот Ендру се одрече минатата недела од својата војводска титула и од други кралски почести по обвинувањата за сексуална злопотреба на Вирџинија Џуфре, која во постхумните мемоари го обвини дека ја злоупотребил сексуално кога била тинејџерка.

Тој наведе дека одлучно ги негира сите обвинувања со кои се товари.

Пратениците во британскиот парламент побараа истрага за условите во кои живее принцот Ендру, по што се појавија наводи дека плаќал минимална наемнина за својата вила во последните две децении.

Британскиот премиер Кир Стармер повика на сослушување на Ендру во парламентот, нагласувајќи ја потребата „за правилна контрола“ над кралските поседи.

 

ИЗДВОЕНИ