Британскиот олимпиец не се кае – жешката акција во авион му донесе повеќе од 100.000 евра!

125
Foto: Instagram

Британскиот кануист Куртс Адамс Розенталс доби двегодишна забрана за натпреварување и тренирање поради експлицитна содржина што ја објави на социјалните мрежи. Во март годинава, олимпиецот од Велика Британија објави видео на својот инстаграм-профил во кое изведува, како што опиша дисциплинската комисија, сексуален чин во авион.

За ова беше строго казнет. Доби двегодишна суспензија, беше исфрлен од програмата „Светска класа“, која е наменета за поддршка на врвните спортисти, и остана без стипендијата од 18.000 евра годишно.

Во соопштението се наведува дека Розенталс го довел спортот во голем срам со своето грубо, навредливо и неморално однесување.

По одлуката на дисциплинската комисија, се огласи и 23-годишниот спортист. Тој јасно стави до знаење дека не се кае за своите постапки.

– Забраната никогаш немаше да се случи доколку спортистите беа правилно финансирани. Видеото, можеби, е лудо, но не е нелегално и не треба да биде причина за забрана – изјави тој за „Би-би-си спорт“.

Тој откри дека во тој период заработил повеќе од 100.000 евра на популарната платформа за возрасни „Онлифанс“. Тие пари му помогнале да го финансира тренингот и да го подобри својот стандард додека се обидува да се квалификува за Олимписките игри.

Организацијата „Paddle UK“ соопшти дека е целосно посветена на зачувувањето безбедна и отворена средина за сите учесници во спортот.

 

ИЗДВОЕНИ