среда, февруари 11, 2026
Дома СВЕТ Британскиот крал се помоли со папата за прв пат по 500 години

Британскиот крал се помоли со папата за прв пат по 500 години

179
EPA/ANGELO CARCONI

Британскиот крал Чарлс и папата Лав се помолија заедно денес во Систинската капела во Ватикан, во првата заедничка служба на англиски монарх и католички поглавар откако кралот Хенри VIII се прогласи за поглавар на Англиканската црква, одвојувајќи се од папската власт на Римокатоличката црква во 1534 година.

Латински напеви и англиски молитви одекнуваа низ капелата, каде што пред шест месеци Лав беше избран за прв американски папа од страна на католичките кардинали во светот, објавува „Гардијан“.

Чарлс, врховен гувернер на Англиканската црква, седеше лево од папата во близина на олтарот на капелата, додека папата Лав и англиканскиот надбискуп Стивен Котрел ја водеа службата, на која учествуваа хорот на Систинската капела и два кралски хора.

ИЗДВОЕНИ