Британски медиуми: САД ја намалуваат помошта за европските земји што граничат со Русија за стотици милиони евра

123

Соединетите Американски Држави ќе ги намалат програмите за безбедносна помош за европските земји што граничат со Русија за стотици милиони евра, објави денес „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори.

Според британскиот весник, претставници на Пентагон минатата недела ги информирале европските дипломати дека САД повеќе нема да финансираат програми за обука и вооружување на војниците во источноевропските земји.

Додадено е дека земјите од Европската Унија се шокирани од таквата одлука и се обидуваат да ги разјаснат деталите за намалувањето на американската помош.

ИЗДВОЕНИ