Британски компании ѝ помагале на Русија десет години – и без да знаат за тоа

150
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Британски компании ѝ помагаа на Русија да изгради подводна одбрана на Арктикот десет години без да знаат за тоа, пишува весникот „Гардијан“.

Истрагата на британскиот весник „Тајмс“, Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари и 11 други медиуми откри дека мрежа за набавки поврзана со руски шпиони користела британски компании за да ги заобиколи санкциите и контролите на извозот.

Според протечените документи, целта на мрежата била да купи чувствителни подводни компоненти и научни бродови од Европа, САД, Канада и Јапонија, во вредност од повеќе од 50 милиони евра.

Купувањата се случиле од 2014 до 2024 година, а биле купени високотехнолошки компоненти произведени во Велика Британија, како што се сензори и далечински управувани возила, во вредност од повеќе од еден милион и сто илјади евра.

Компонентите биле користени во изградбата на руски систем за рано предупредување, кој детектира подморници на НАТО во Арктичкиот Океан и го штити нуклеарното оружје на Русија.

Меѓу продадената британска опрема беше беспилотно возило за мерење и поставување кабли, како и најсовремен сонарен сензор погоден за „хидрографски операции за мерење“.

Нема индикации дека британските компании го прекршиле законот.

Откритието од страна на медиумската група предизвика повици од Министерството за бизнис и трговија да се спречат обидите за заобиколување на британските санкции врз Русија.

ИЗДВОЕНИ