Авионот „Боинг 787-8 Дримлајнер“ на „Ер Индија“ што леташе за Лондон со неколку стотици патници се урна кратко по полетувањето во близина на аеродромот во индискиот град Ахмедабад.
Во авионот имало 242 лица, објавија индиските медиуми. Шефот на градската полиција изјави дека е пронајден еден преживеан патник. NDTV вели дека станува збор за британско-индискиот државјанин Вишваш Кумар Рамеш.
Рамеше го опиша моментот кога се случила несреќата. Во разговор за весникот „Хиндустан тајмс“, Рамеш рече дека слушнал силен тресок околу 30 секунди по полетувањето, пред авионот да се сруши. „Сè се случи толку брзо“, рече тој, додавајќи дека претрпел повреди од удар на градите, очите и стапалата.
„Кога станав, имаше тела околу мене. Бев преплашен. Станав и почнав да трчам. Имаше парчиња од авионот насекаде. Некој ме зграпчи, ме стави во амбулантно возило и ме однесе во болница.“
Рамеше им изјави на индиските медиуми дека живее во Лондон 20 години. Додаде дека неговиот брат Аџај седел во вториот ред од авионот. Видео објавено на социјалните мрежи го покажува Рамеше како куца од местото на несреќата кон службите за итни случаи.