петок, февруари 20, 2026
Дома СВЕТ Британската полиција влезе во домот на поранешниот британски принц Ендру – покрај...

Британската полиција влезе во домот на поранешниот британски принц Ендру – покрај Сандригам се претресува и „Ројал Лоџ“

35
Фото: EPA/NEIL HALL

Полицијата денес продолжи да го претресува домот на Ендру Маунтбатен-Виндзор, еден ден откако беше уапсен и држен во притвор речиси 11 часа под сомнение за злоупотреба на јавна функција, во врска со неговото пријателство со починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епстин.

По еден од најтурбулентните денови во модерната историја на британското кралско семејство, поранешниот принц Ендру се врати на имотот Сандрингам, каде што привремено престојува.

Претресот на неговата сегашна резиденција е завршен, а се пребарува и резиденцијата „Ројал Лоџ“, која се наоѓа во паркот во близина на замокот Виндзор, резиденцијата на британскиот монарх.

Неговиот брат, кралот Чарлс Трети, му ја одзеде титулата принц и правото да живее во „Ројал Лоџ“ поради неговата поврзаност со Епстин.

Автомобили без регистарски таблички, за кои се верува дека се на полицијата, влегуваа и излегуваа од резиденцијата во текот на целиот ден.

Ендру Маунтбатен-Виндзор е обвинет за споделување доверливи информации со Епстин додека тој беше трговски претставник, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ