Британската полиција нападот во синагогата во Манчестер го прогласи за терористички чин

120
Foto: Screenshot/Illustration

Шефот на британската антитерористичка полициска единица, Лоренс Тејлор, денес изјави дека полицијата го класифицирала денешниот напад врз синагогата во Манчестер, во кој загинаа три лица, како терористички чин.

„Врз основа на она што го знаеме, антитерористичката полиција го прогласи ова за терористички инцидент“, рече тој на прес-конференција пред Скотланд Јард во Лондон, според Гардијан.

Тој додаде дека напаѓачот бил застрелан од полицијата и дека верува дека антитерористичката полиција го знае неговиот идентитет.

ИЗДВОЕНИ