Британската пејачка го загуби венчалниот прстен на Евросонг – заокружен целосен неуспех!

36
Instagram

Велика Британија не се прослави на Евровизискиот натпревар во Базел. Како дел од големата петорка, таа доби загарантиран пласман во финалето.

Женската група Remember Monday се претстави со песната „What the Hell Just Happened“ и доживеа фијаско.

Трите членки на групата останаа без поени од публиката, а една од нив остана и без вреден накит. Пејачката Холи Ан Хал кажа дека го изгубила венчалниот прстен на Евровизија.

Таа објави видео на Инстаграм и призна дека нема да се сеќава со задоволство на Базел и на евровизиската авантура. Хал не даде дополнителни детали, како на пример каде можеби го изгубила прстенот или кога тоа се случило.

Кантри-поп триото се пласираше на 19-то место од 26 земји на овогодинешното натпреварување. Само Велика Британија и Швајцарија добија нула поени од публиката за време на 69-от избор за песна на Евровизија.

ИЗДВОЕНИ