Британската МИ6 за прв пат во 116-годишната историја ќе ја води жена

34
EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Британската разузнавачка служба МИ6 ќе биде предводена од жена за прв пат во нејзината 116-годишна историја, откако Блез Метревели беше назначена за нејзин шеф.

Метревели, која се приклучи на Тајната разузнавачка служба во 1999 година, ќе биде 18-тиот шеф на службата и ќе ја преземе функцијата од Сер Ричард Мур подоцна оваа година, пренесе Би-Би-Си.

Таа моментално е задолжена за секторот за технологија и иновации на службата и рече дека е „горда и почестена“ што ѝ е понудена новата позиција. Премиерот Кир Стармер го нарече нејзиното назначување историско.

МИ6 е одговорна за собирање разузнавачки информации во странство за зајакнување на британската безбедност, а главната цел на службата е да го запре тероризмот, да ги попречи и спречи активностите на непријателските држави, како и да ја подобри сајбер безбедноста, наведе Би-Би-Си.

Раководителот на службата, честопати нарекуван „Си“, е единствениот член чие име е познато на јавноста.

ИЗДВОЕНИ