среда, февруари 4, 2026
Дома МАГАЗИН Британец сексуално злоставувал малолетници – ги намамувал со кодови за „Икс-бокс“ и...

Британец сексуално злоставувал малолетници – ги намамувал со кодови за „Икс-бокс“ и „Плејстејшн“ – ќе помине најмалку 10 години во затвор

46

Маж од Глазгов е осуден на десет и пол години затвор за сексуално злоставување малолетници преку социјалната мрежа „Снепчет“ (Snapchat), нудејќи им на момчињата кодови за „Икс-бокс“ и „Плејстешн“ во замена за сексуална содржина и дејствија.

Рос Броган (31), софтверски инженер, се изјасни за виновен по шест точки од обвинението за сексуални прекршоци против четири момчиња под 16 години. Според шкотското обвинителство, Броган ги контактирал жртвите преку „Снепчет“, им испраќал непристојни пораки и порнографски видеа, а потоа ги охрабрувал да му испраќаат интимни фотографии и снимки.

Обвинителите тврдат дека обвинетиот им нудел на момчињата дигитални кодови за „Икс-бокс“ и „Плејстејшн“, кои овозможуваат купување содржина од видео игри, со цел да ги охрабри да учествуваат во сексуални дејствија. Во некои случаи, тој исто така оставал секс играчки на однапред договорени локации, со упатства да ги користи и да му испраќа видеа.

Високиот суд во Глазгов слушна дека Броган користел лажен идентитет на социјалните мрежи и контактирал момче кое го познавал лично. Судијата Брус Ерох КЦ рече дека жртвата му се доверила на Броган, не знаејќи дека е лицето зад сексуално експлицитните барања.

Според пресудата, злоупотребата во еден случај кулминирала со орално силување.

Судијата оценил дека станува збор за „екстремно пресметано и манипулативно однесување“, посочувајќи дека постапките на Броган се карактеризирале со систематска измама и злоупотреба на довербата. Судот, исто така, навел дека Броган се заканил дека ќе му наштети на момчето и на членовите на неговото семејство ако не ги исполнат неговите барања.

Броган е осуден на продолжена казна што вклучува десет и пол години затвор и дополнителни три години надзор по ослободувањето. Му било забрането да има контакт со жртвите, а неговото име е трајно запишано во регистарот на сексуални престапници.

Судот зел предвид дека Броган немал претходни кривични пресуди и дека изразил каење, но заклучил дека штетата предизвикана на жртвите е „значајна“.

Обвинителката Феј Кук изјави дека однесувањето на Броган било „предаторско и крајно презриво“, истакнувајќи дека тој свесно ги таргетирал малолетниците за сопствено сексуално задоволство. Полицијата изјави дека се надева дека пресудата ќе им донесе барем делумна утеха на жртвите и нивните семејства.

ИЗДВОЕНИ