Британец е уапсен затоа што рекол дека сака сланина за време на протест

121

Полицијата уапси Британец кој извикал „Ја сакам сланината“ за време на протест против изградбата на џамија.

Според британски „Телеграф“, протестот бил организиран на местото на планираната изградба на голема џамија во Езерската област, област населена речиси исклучиво со белци.

Се тврди дека 23-годишниот маж не го нарушил јавниот ред, не предизвикал штета ниту се однесувал насилно. Полицискиот службеник кој го уапсил навел „расна навреда“ како причина за неговото апсење.

„Велика Британија е сè уште христијанска земја. Наводно уживаме слобода на говор. Па зошто несреќниот татко се нашол во ситуација каде што двајца полицајци го одвеле од протестот?“, пишува критички напис во овој британски весник.

Се додава дека изјавата „Ја сакаме сланината“ е едноставен факт затоа што Британците навистина ја сакаат и „нема ништо лошо во тоа да се каже“.

Исламскиот центар на „Саут лејкс“, честопати нарекуван џамија Кендал поради близината до градот Кендал во Камбрија, чини околу 2,5 милиони фунти (околу 2,9 милиони евра) и се гради во Далтон-ин-Фернес, на работ на Лејк дистрикт.

Изградбата започна во март 2025 година, а според извештаите, работата сега е при крај, и покрај пречките како што е одбивањето на некои добавувачи да испорачаат материјали поради јавно негодување.

ИЗДВОЕНИ