Британците се подготвуваат за апокалипса

89
EPA-EFE/CLEMENS BILAN
Некогаш, подготовката за апокалипсата беше за параноичните. Сега, во услови на сајбер напади, климатски промени и нуклеарни закани, Владата на Обединетото Кралство го препорачува тоа. Дали секој треба да поседува комплет за преживување?

Продавниците со опрема за апокалипса предизвикана од нуклеарна војна или некоја друга катастрофа заработуваат сè повеќе пари и имаат сè поголем број клиенти.

„Се започна со „Ковид“, а кога Русија ја нападна Украина, ги распродадовме гас-маските, средствата за нуклеарна заштита, таблети со калиум. За ден и половина имавме продажба во вредност од еден месец. Кога прекинот на струја ги зафати Шпанија и Португалија, продававме радија на ветер на соларна енергија. Јас обично продавам околу 10 неделно, а сега ја продадов целата залиха во еден ден. Конзеривараната храна исто така е респродадена и масовно се купува на локалните пазари“, изјави за Гардијан сопственикот на онлајн продавницата за воена опрема Џастин Џонс за Гардијан.

Дополнително, американските и канадските подкасти за опстанок на отворено се сè попопуларни кај помладите генерации во Обединетото Кралство.

Има огромни резерви на конзервирана храна, флаширана вода, филтри за прочистување на водата, гас-маски, ножеви, самострели и други реквизити што може да се добијат во Велика Британија, чии закони се построги кога станува збор за набавка на огнено оружје, за разлика од САД и Канада. Покрај тоа, најмногу се продаваат повеќенаменски алати, чанти и опрема за кампување.

Препорака на британската влада

Владата на Велика Британија му даде препораки на населението како да се опреми и обезбеди список на неопходни потреби во случај на катастрофа од големи размери.

  • Батерија или лампа на навивање – факелите се побезбедни од свеќите, пренослива батерија за полнење на вашиот мобилен телефон.
  • Радио на навивање во случај на прекин на електричната енергија – радиото за автомобил може да се користи, но при тешки временски услови можеби е побезбедно да се остане внатре. Резервни батерии за светилки и радија и резервна батерија за секоја медицинска опрема на која се потпирате.
  • Прибор за прва помош или некои предмети за прва помош, вклучувајќи предмети како што се водоотпорни фластери, завои, термометар, антисептик, раствор за миење очи, стерилни завои и ракавици, медицинска лента за завои и пинцети.
  • Средство за дезинфекција на раце и влажни марамчиња за хигиенски цели кога водата е исклучена.
  • Флаширана вода – не постои стандардна бројка за ова бидејќи итни случаи може да се разликуваат по времетраење и луѓето користат различни количини. Светската здравствена организација препорачува минимум 2,5-3 литри вода за пиење по лице дневно за преживување. 10 литри по лице дневно ќе ви направат да се чувствувате поудобно и да обезбедите вода и за готвење и хигиена. Може да биде потребна дополнителна вода за доенчиња, за медицински уреди и за домашни миленици.
  • Храната за која не е потребно готвење, како што се конзервирано месо, овошје или зеленчук и отворач за конзерви, како и кај водата, колку ви треба ќе зависи од вашите околности. Бебешките резерви, како што се пелени и детска формула – готовата или „подготвена за хранење“ формула е најдобра бидејќи можеби нема да можете да зовриете вода. Не заборавајте и храна за домашни миленици.

ИЗДВОЕНИ