Во Брисел велат „да не тврдат дека станува збор за Русија, но се чини дека е Русија“.
Белгија се обидува со сојузниците да ги пресретне дроновите или да утврди од каде се појавуваат и каде летаат.
Русија отфрли секаква поврзаност со дроновите, бидејќи „ниту има мотив, ниту интерес за такви активности“:
Во Белгија од Германија, Франција и Велика Британија пристигнаа екипи за борба против беспилотни летала.
Во повеќето случаи стануваше збор за големи дронови кои летаа во уредни формации, што укажува на тоа дека со нив управууват високо обучени експерти, се наведува во Белгија.
Владата во Брисен во петокот одобри вложување од 50 милиони евра во системи за откривање и неутрализирање беспилотни летала.












