Српскиот претседател Александар Вучиќ ги отфрли критиките на ЕУ за неговото најавено присуство на парадата на 9 мај во Москва, обвинувајќи го Брисел дека е опседнат со неговите постапки, објави бриселскиит портал ЕУалајв.
Вучиќ во Мајами, каде што присуствуваше на митинг на владејачката Републиканска партија на САД, изјави дека медиумската кампања против американскиот претседател Доналд Трамп „ги користи истите тактики, наративи и суштина“ како кампањата против него во Србија.
Вучиќ исто така рече дека студентските протести во Србија се „тажна слика од минатото“.