Бред Пит снимен со нова фризура: На овој човек сѐ му стои/ФОТО

121

Американскиот актер Бред Пит беше фотографиран како вози низ Лос Анџелес, а вниманието привлече неговата нова фризура. Наместо подолгата коса што некогаш ја носеше, сега има потполно кратка фризура.

Оскаровецот Бред Пит е познат по честите промени во изгледот, а благодарение на новата фризура, на 61 година изгледа значително помладо.Судејќи според реакциите на фановите на социјалните мрежи, промената е полн погодок.

За момент помислив дека фотографијата е на момче на дваесетина години“, „Овој човек изгледа добро во се“, „Најубавиот актер на сите времиња“, се дел од коментарите, пишува Klix.ba.

Американските медиуми забележаа дека тој отсекогаш внимавал неговиот имиџ да биде конзистентен со оној на девојката со која е во врска. Така беше кога беше со Анџелина Џоли, Гвинет Палтроу, Џенифер Анистон и други.

Сепак, за време на неговата сегашна врска со Инес де Рамон, тој претпочита индивидуален стил. Тие двајца за прв пат се појавија заедно во јавноста во септември 2024 година. Тие беа на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција.

ИЗДВОЕНИ