Познатиот актер Бред Пит (61) позираше за летното издание на списанието „GQ“ (Џи-кју), заедно со возачот на Ф1, Луис Хамилтон, и младиот актер Дамсон Идрис. Тројцата мажи ја красат насловната страница на ова списание наменето за мажи, со цел да го промовираат новиот филм за Формула 1, чија премиера во кината е најавена за 27 јуни. Тие разговараа со Даниел Рајли од „GQ“, за тоа како се потрудиле да го создадат „најавтентичниот, најреалистичен и најприземјен филм за трки некогаш направен“.
Пит позира во црна маица од Рик Овенс, панталони од Изабел Марант и ремен од Артемас Квибл, а забележливи се црните кожни чизми до бутовите од Сен Лоран од Ентони Вакарело.
Во интервјуто за GQ, тој отворено зборува и за врската со девојката Инес де Рамон.
GQ е меѓународно месечно списание за мажи со седиште во Њујорк и основано во 1931 година. Публикацијата се фокусира на модата, стилот и културата за мажи, со написи за храна, филмови, фитнес, секс, музика, патувања, спортови на познати личности, технологија и книги.