Бред Пит не го губи трпението лесно: Мојот живот е секогаш вест – дрдорењето за мојот приватен живот е губење време

821

Бред Пит ја краси најновата насловна страница на списанието „GQ“ заедно со неговиот колега од „Формула 1“, Дамсон Идрис, и продуцентот Луис Хамилтон.

Филмот за трки пристигнува во кината ова лето по подолга од очекуваната продукција која беше прекината цела година поради штрајковите во Холивуд. Пит, исто така, го решаваше разводот од Анџелина Џоли додека снимањето на „Формула 1“ завршуваше на патеката Јас Марина во Абу Даби.

Во интервјуто  за „GQ“, холивудскиот актер Бред Пит зборуваше и за тоа како излегува на крај со гласовите за неговиот приватен живот, пренесе Варајати.

А, ги имаше милион, особено за неговата врска со поранешната сопруга Анџелина Џоли.

Потоа тука се речиси секојдневните средби со бројни светски убавици.

И така натаму три децении со ред.

„Мојот приватен живот е секогаш во вестите. Беше во вестите 30 години, брате. Или некоја верзија од мојот личен живот, да го кажеме така“, рече Пит.

Тоа, додава Бред, беше непријатност со која секогаш мораше да се справи во различни фази.

„Дрдорењето за мојот приватен живот отсекогаш било досадно губење време“, рече холивудскиот заводник.

Тој вели дека води многу мирен живот.

„Се чувствувам прилично безбедно со моите пријатели, со моето семејство, знаејќи кој сум“, заврши Пит.

Разводот на Пит и Џоли беше решен минатата година по осумгодишна правна битка.

Џоли поднесе барање за развод во 2016 година.

ИЗДВОЕНИ