Бразилската полиција соопшти дека спречила бомбашки напад на историскиот концерт на Лејди Гага, кој во саботата привлече повеќе од два милиони луѓе на Копакабана во Рио де Жанеиро.
Полицијата на државата Рио де Жанеиро, во соработка со Министерството за правосудство, соопшти дека заговорот го организирала група која пропагира говор на омраза и работи на радикализација на тинејџерите, промовира самоповредување, како и насилни содржини како облик на општествената припадност.
Според податоците на градското собрание на Рио, на концертот на американската поп ѕвезда Лејди Гага присуствувале 2.1 милион луѓе.
„Осомничените регрутирале учесници, меѓу нив и малолетници, за координирани напади со употреба на импровизиран експлозив и молотови коктели“, соопшти полицијата.
>Министерството за правосудство објави дека организаторите на нападот се претставиле како членови на глобалната фан-база на Гага, познати како „мали чудовишта“.
GAGACABANA 🇧🇷 pic.twitter.com/0iYQpoSqNK
— Ryan | Lady Gaga 🏳️🌈 (@ryanleejohnson) May 4, 2025
Полицијата ја спровела акцијата на основа на извештај добиен од лабораторијата за сајбер операции на министерството, а по дојава на разузнавачката служба на државната полиција на Рио која открива дигитални ќелии кои поттикнуваат насилно однесување кај тинејџерите користејќи кодоран јазик и есктремистичка симболика.
>Маж опишан како водач на групата е уапсен во јужната држава Рио Гранде до Сул поради илегално поседувањео огнено оружје, додека тинејџер во Рио е притворен бидејќи во компјутерот му е пронајдена детска порнографија.
<