Поранешниот играч на Милан, Емерсон Ројал, потпиша договор со Фламенго до 2028 година.
- Росонерите му се заблагодаруваат на Емерсон и му посакуваат сè најдобро, и лично и професионално, се вели во соопштението на Милан.
Како што објавија италијанските медиуми, 26-годишниот бразилски дефанзивец потпишал договор до 2028 година, со опција за продолжување на договорот за уште 12 месеци. Некои медиуми објавија дека трансферот е вреден девет милиони евра.
Емерсон минатата година се пресели од Тотенхем во Милан, за кого одигра 26 натпревари и не постигна ниту еден гол. Во текот на својата кариера, тој играше за Понте Прета, Атлетико Минеиро, Барселона.
Тој играше за бразилските младински репрезентации, а дебитираше за А-тимот во 2019 година и одигра 10 натпревари.