Полицијата го расчисти убиството на 42 годишниот маж чие тело беше пронајдено закопано во дворот од семејната куќа, го убил една година постариот брат со кој го делел домот. Братот го признал злосторството, го удрил со метален предмет по што починал на лице место. Мртвото тело го закопал во дворот од куќата, а телото го пронашла нивната сестра која забележала дупка покриена со ровка земја. Братоубиецот ќе одговара за сторено кривично дело Убиство. Телото лежело закопано околу една недела.
„На 05.08.2025, нивната сестра во 11:00 часот во ОВР Кавадарци го пријавила за исчезнат нејзиниот брат И.И. Додека, во 13:00 часот пријавила дека во помошниот објект во дворот од куќата на нејзините браќа, каде што отишла со сопругот, забележале дека има ископ покриен со ровка земја, по што се посомневале дека е можно нејзиниот исчезнат брат да е закопан внатре. Веднаш по пријавата, на местото излегле јавен обвинител, полициски службеници и претставници од Институт за судска медицина Скопје, а од погребално претпријатие откопана е дупката и било пронајдено телото на И.И.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција и вештачење. Истиот ден во 14:40 часот, по извршени оперативни проверки и добиени сознанија и во координација со јавен обвинител, полициски службеници го лишиле од слобода С.И., по што го спровеле во јавното обвинителство, каде во службен разговор го признал делото, информираат од МВР.