понеделник, март 2, 2026
Дома БАЛКАН Братот на Мило Ѓукановиќ заврши во притвор

Братот на Мило Ѓукановиќ заврши во притвор

147

Истражниот судија на Основниот суд во Никшиќ му одреди на бизнисменот Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот претседател и поранешен премиер на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, мерка притвор до 30 дена. К

ако што е објавено, истражниот судија смета дека постојат околности што укажуваат дека осомничениот, доколку биде ослободен, би можел да избега и да биде недостапен за државните органи на Црна Гора во понатамошниот тек на постапката.

„На предлог на Основното државно обвинителство во Никшиќ, беше одреден притвор за А.Ѓ. поради основано сомнение дека сторил кривично дело нелегално поседување и носење оружје и експлозивни материјали. Притворот беше одреден поради ризик од бегство. Постои основано сомнение дека А.Ѓ. во својата куќа во Никшиќ, неовластено поседувал оружје и муниција“, соопшти ОДТ.

ИЗДВОЕНИ