Екипата на Милвоки стана првиот НБА-тим во историјата што има тројца браќа под договор. Станува збор за Јанис, кој е прва ѕвезда на тимот, и за Танасис и Алекс Адетокумбо.

Последен во низата договори се потпиша Алекс, кој играше за Висконсин херд, тим од Џи-лигата и подружница на Милвоки. Сите кошаркарски експерти истакнуваат дека договорот со Алекс не е склучен за зајакнување на играчкиот кадар, туку е одредена отстапка направена кон најдобриот играч, 30-годишниот Јанис, за кого се вели дека наскоро ќе може да го напушти Милвоки.

Милвоки го избра Јанис како 15. пик на драфтот во 2013 година. Со Милвоки, тој освои две титули за најкорисен играч и ја освои титулата во НБА во 2021 година.

ИЗДВОЕНИ