Брат убил брат со тесла по главата

Место среќен роденден, несреќан крај

635

Јавното обвинителство поднесе обвинение за братоубиството што се случи во Кавадарци кон крајот на јули. Обвинетиот е во притвор, а ќе одговара за убиство, тој веднаш кога беше откриено телото во шупата во дворот на семејната куќа, го призна делото пред полицајците. Обвинетиот 43-годишник, го убил својот помлад брат удирајќи го со тесла по главата и тоа на неговиот роденден, а мотивот бил користољубие.

-Двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од чувства на гнев и омраза, тој со тапиот метален дел од тесла го удрил брат му по главата, а кога оштетениот паднал, уште два пати го удрил со теслата, нанесувајќи му моментални смртоносни повреди. Потоа обвинетиот си заминал, а следниот ден се вратил во домот на оштетениот и телото го префрлил во бањата. Во следните неколку дена исто така се враќал за да го прикрие делото, ја бришел крвта од подот и од предметите, а телото го пренел во шупата, го затрупал во ров и врз него ставил шперплоча и други предмети, ги открива ОЈО мрачните детали од свирепото убиство.

Телото го пронашла нивната сестра која забележала дупка покриена со ровка земја, а телото лежело закопано околу една недела.

-На 05.08.2025, нивната сестра во 11:00 часот во ОВР Кавадарци го пријавила за исчезнат нејзиниот брат И.И. Додека, во 13:00 часот пријавила дека во помошниот објект во дворот од куќата на нејзините браќа, каде што отишла со сопругот, забележале дека има ископ покриен со ровка земја, по што се посомневале дека е можно нејзиниот исчезнат брат да е закопан внатре. Веднаш по пријавата, на местото излегле јавен обвинител, полициски службеници и претставници од Институт за судска медицина Скопје, а од погребално претпријатие откопана е дупката и било пронајдено телото на И.И., објави тогаш полицијата

Во тој период братот убиец повлекувал пари со банкарската картичка на жртвата. Јавниот обвинител, со поднесеното обвинение, побара продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

 

ИЗДВОЕНИ