EPA/Bo Amstrup DENMARK OUT

Четвртопласираната репрезентација од последното Светско ракометно првенство, Португалија, со победа го почна Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска. Португалците лесно ја совладаа Романија со 40:34 (23:15), во првиот меч од групата Б.

Најефикасни во португалскиот табор беа Кико Кошта со девет, Мартин Кошта со седум и Салвадор Салвадор со шест гола, а кај Романија се истакнаа Станциуц со осум и Бузла со шест погодоци. Во вториот натпревар од шампионатиот противник на Португалија ќе и биде Македонија, која вечерва од 20:30 часот во Хернинг игра против домаќинот Данска.

ИЗДВОЕНИ